Количеството јаглероден диоксид во атмосферата оваа година ќе го означи еден од најголемите годишни порасти од почетокот на мерењето во 1958 година и поради австралиските пожари, покажало истражувањето на британската метеоролошка служба.

Се очекува дека концентрацијата на јаглероден диоксид ќе надмине 417 честички на милион (ППМ) во текот на мај, а годишниот просек би можел да се движи околу 414 ППМ, што е речиси 3 ППМ над минатогодишниот просек.
Предизвикувачи на долгорочниот пораст на емисиите на ЦО2 во атмосферата се луѓето, а јаглеродниот диоксид е главен виновник за климатските промени.
Како дополнение на тоа, временските услови поврзани со промените на температурите на Тихиот Океан влијаат на апсорпцијата на ЦО2 во екосистемите на копно.