20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на JPMorgan Chase заработи 31,5 милиони долари во 2019 година

Директорот на JPMorgan Chase заработи 31,5 милиони долари во 2019 година

Главниот извршен директор на американската инвестициска банка JPMorgan Chase, Џејми Димон, добил покачување од половина милион долари за 2019 година, со што неговата вкупна заработка за една година изнесувала 31,5 милиони долари, соопшти банката.

Тоа е пораст од 1,6 проценти во однос на 31 милиони долари кој ги добил за 2018 година. Банката соопшти дека одлуката е заснована на силни резултати кои таа институција ги реализирала. Банката соопшти дека нејзиниот одбор на директори, при утврдувањето на платата на Димон, ги зел во предвид деловните резултати на банката, контролата и однесувањето на ризикот, фокусот на клиентите, акционерите, тимската работа и лидерството.

Под Димон, JPMorgan оствари нето приход од 36,4 милијарди долари за 2019 година, во однос на 32,5 милијарди американски долари претходната година, и поврат на опиплив заеднички капитал од 19 проценти, во однос на 17 проценти во 2018 година.

Платата на Димон се состои од годишна основна заработка од 1,5 милиони долари и поттик заснован на перформанси од 30 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП