10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJAT се откажа од Boeing

JAT се откажа од Boeing

avion1

Бидејќи голем дел од постојната флота е оспособен за сообраќај, авиокомпанијата „JAT“ нема да се вклучи во процесот на изнајмување на два авиони од „Boeing“, пренесуваат медиумите.

До крајот на месецот „JAT“ ќе има 14 авиони кои ќе бидат вклучени во сообраќајот.

Авиокомпанијата дефинитивно се откажа од изнајмувањето на два авиони од „Boeing“ за оваа сезона видејќи добар дел од постоечката флота е приспособен за вклучување во сообраќајот, велат од компанијата.

До крајот на неделата ќе пристигне уште еден „ATR“, така што „JAT“ ќе сообраќа со седум свои авиони „Boeing“, четири „ATR“ и изнајмениот авион од „Аviogeneks“.

Исто така, до крајот на месецот во флотата на оваа авиокомпанија, од хангарот на „JAT Tehnika“ ќе пристигне уште еден „Boeing“ и уште еден „ATR“. Така „JAT“ ќе има 14 авиони кои ќе бидат вклучени во сообраќајот, а тоа е доволен број на авиони за да се задоволи побарувачката во летната сезона. Инаку, „JAT“ овие денови има околу 6.000 патници дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП