26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 209.000 домаќинства во земјава не можат да си ги платат сметките...

Над 209.000 домаќинства во земјава не можат да си ги платат сметките на време

Речиси 37 проценти или околу 209.000 македонски домаќинства имаат проблем на време да си ги платат сметките за комунални услуги (греење, електрична енергија, гас, вода) – покажуваат податоците на Европското статистичко биро „Евростат“. Во просек пак една третина од домаќинствата и во регионот имаат проблем со подмирувањето на сметките во последните 12 месеци. Гледано пак на ниво на земји членки на ЕУ, рекордери се Грците со 35,6 проценти и Бугарите со 30,1 процент, а од земји кандидати прва е Македонија со најлош процент од 36,9 од домаќинствата кои не миожат на време да си ги платат режиските трошоци. Подобри од нас се и Србите каде, според истражувањето со ваков проблем се соочуваат 28,4 проценти од домаќинствата.

Податоците на „Евростат“ покажуваат дека состојбата во земјава претходните години била дури полоша од 2018 година за кога се однесува истражувањето. Убедливо најлошо било во 2016 година – кога 41 процент од домаќинствата во земјава или над 232.000 домаќинства го имале овој проблем. Претходната 2015 година овој процент изнесувал 40, за во 2017 да падне на 38,6 проценти.

И претходните години, пред 2015 година процентот на домаќинства кои не миожат да си ги платат сметките на време варира меѓу 38 и над 39 проценти. И ако истражувањето на Евростат покажува тренд на намалување и пад на овој процент во просек од 10 проценти во однос на 2013 година, кај земјите членки – Македонија не го следи овој тренд. Кај нас овој процент бил убедливо најнизок во 2011 година – 36,2 проценти од домаќинствата, или за 0,7 процентни поени понизок и од 2018 година.

Најмалку домаќинства не можеле навремено да ги подмират режиските трошоци во Холандија, Чешка, Шведска и Австрија – сите со само околу 2 проценти.

Поради финансиски проблеми пак на ниво на ЕУ, во 2018 година речиси 7 проценти од домаќинствата имале проблем навремено да ги подмират режиските трошоци (сметки за греење, струја, гас, вода и др.). Истражувањето покажува дека овој проблем е поизразен меѓу домаќинствата со дете и еден родител. Па така, на ниво на ЕУ околу 14 проценти до домаќинствата со еден возрасен член и најмалку едно дете се соочиле со проблеми за навремено подмирување на режиските трошоци., во споредба со помалку од 3% од домаќинствата што се состојат од двајца возрасни (со најмалку еден член постар од 65 години).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП