27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишување договор за проект за пругата Бељаковце – Крива Паланка

Потпишување договор за проект за пругата Бељаковце – Крива Паланка

pruga

Македонски железници – Инфраструктура денеска со компанијата Obermeyer Hellas Ltd ќе потпише договор за изработка на основен проект за пругата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од Коридорот 8.

За целокупната проектна документација е обезбеден грант од ЕБОР од 2,5 милиони евра и се очекува таа да биде завршена до крајот на годинава за да може на Бордот на ЕБОР да бидат одобрени средства и за реализација на втората фаза.

Третата фаза ќе го опфати делот од Крива Паланка до границата со Бугарија.

За првата делница Куманово – Бељаковце која е планирано да заврши до 2017 година се обезбедени 46,4 милиони евра од Европската банка за обнова и развој.

На денешното потпишување ќе присуствува министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП