19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Италија и Велика Британија ризикуваат соочување со американските тарифи"

“Италија и Велика Британија ризикуваат соочување со американските тарифи”

Втората фаза од трговскиот договор со Кина не мора да биде „голем тресок“ кој ќе ги отстрани сите постојни тарифи.

„Можеме да работиме на втората фаза од договорот, со кој ќе исчезнат некои тарифи. Тоа можеме да го направиме во фази додека напредуваат преговорите“, изјави американскиот министер за финансии, Стивен Менучин во интервју за Wall Street Journal.

Тој исто така предупреди дека Италија и Велика Британија ќе се соочат со американски тарифи ако продолжат со иницијативата за воведување дигитален данок за компании како Google и Facebook.

Предупредувањето на Менучин кон Италија и Велика Британија се случи откако Франција го одложи својот дигитален данок и се обврза со Соединетите држави на избегнување трговска војна барем до крајот на оваа година.

Во декември, британскиот премиер Борис Џонсон вети дека големите мултинационални компании ќе го платат својот фер удел во даноците, вклучително и даноците на дигиталните услуги.

Италија одобри сличен данок во буџетот за 2019 година, но сè уште не го активирала. Менучин изјави дека се надева Велика Британија и Италија ќе ги прекинат плановите за воведување даноци.

„Ако не, ќе се соочат со тарифите на претседателот Трамп. Слични дискусии ќе имаме со нив“, додаде тој. Американското министерство за финансии исто така соопшти дека администрацијата на Трамп ќе предложи дополнително намалување на даноците за средната класа во САД.

„Ние сме само во процес на негово дизајнирање и наскоро ќе излеземе со предлог“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП