25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Словенија се зголеми на 1.235 евра

Просечната плата во Словенија се зголеми на 1.235 евра

Просечната нето плата во Словенија во ноември 2019 година порасна за 10 проценти во однос на октомври.

Според најновите податоци на Агенцијата за статистика на Словенија, просечната нето плата во ноември порасна на 1.235 евра, што е номинално повисока за 10 проценти и реално 9,9 проценти во однос на октомври и 4,1 процент повисока на годишно ниво.

На зголемувањето на платите најмногу влијаеа дополнителните исплати на крајот на годината, како што се божиќните и другите бонуси за работа.

Просечната бруто плата се зголеми за девет проценти номинално, на 1.898 евра, што е реално повеќе за 8,9 проценти во однос на октомври.

Според податоците на Агенцијата за статистика, 23 проценти од вработените во ноември добиле плата од 724 евра.

Просечната нето плата за ноември се зголеми во секторот електрична енергија и гас (24 проценти), каде што беше највисока (1.975 евра) и во производство (17 проценти).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП