3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да станете одличен лидер?

Како да станете одличен лидер?

lider1

Универзален модел, за тоа како се станува менаџер, не постои, но неколку совети на Лондонската школа за односи со јавност секако ќе ви користат и ќе ви го олеснат патот до лидерската позиција.

Немојте сите заслуги за успехот да си ги препишувате само на себе. И вашите соработници е многу важно да ги пофалите.

Усовршувајте се

Постојано морате да учите и да се усовршувате. Новите сознанија, откритија и новите луѓе би требало да бидат ваш предизвик.

Почитувајте ги другите

Треба да ги почитувате и да ги разбирате луѓето од вашето опкружување, како и нивната уникатност и различност.

Бидете сигурни во своите одлуки

Морате точно да знаете што сакате, а што не, да бидете подготвени да донесете одлуки и да понесете одговорност за одлуките кои сте ги донеле.

Верувајте во себе

Морате да верувате во себе, но и во другите и да бидете подготвени на компромис. Тоа ќе ви помогне да уживате во тимската работа, која е основа на доброто лидерство.

Добро организирајте се

Морате да бидете добро организирани. Неорганизираноста во секој сегмент од животот може скапо да ве чини, а во работата може да биде и фатална.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП