23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најпродаваниот автомобил во светот

Ова е најпродаваниот автомобил во светот

Најпродаваниот автомобил во светот минатата година беше Toyota Corolla со 1.236.380 продадени возила, кој забележа раст од 4,1 процент во однос на 2018 година.

Најпродаваните автомобили во светот минатата година потврдија дека возилата на фосилни горива сè уште не одат никаде. Како прво, затоа што најмоќните производители забележаа раст на продажбата на своите модели на фосилни горива. Вкупно, на светскиот пазар во 2019 година се продадени 65,5 милиони автомобили од сите типови во однос на 68,16 милиони од 2018 година.

Додека Кина со 21 милион бележи најголема годишна продажба на возила, бележи и пад од два милиони во однос на 2018 година. Исто така, Соединетите Американски Држави бележат 16,97 милиони продадени возила, што е за речиси 300.000 послабо од 2018 година. Но, затоа Европа бележи 15,8 милиони продажби во однос на 15,62 милиони во 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП