26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде најмногу протекуваат приватни информации: Европските компании казнети со 114 милиони евра

Каде најмногу протекуваат приватни информации: Европските компании казнети со 114 милиони евра

За кршење на Општата регулатива за заштита на податоците досега се платени бројни казни во земјите на Европската унија.

Иако можеби денес ни се чини дека едно време големите превирања на GDPR беа претерани, останува фактот дека повеќето компании и организации ги усогласија своите начини на користење приватни податоци со регулативата на ЕУ, а оние кои не го сториле тоа се казнети со значителни суми.

Според извештајот на адвокатската фирма DLA Piper, бизнисите во Европа поради кршење на GDPR досега се казнети со вкупно 114 милиони евра, а пријавени се 160.000 случаи на незаконско користење на податоци.

Повеќето случаи на истекување на приватни податоци се пријавени во Холандија, Германија и Велика Британија, а најголема индивидуална казна од 50 милиони евра плати француски Google поради недостиг на транспарентност во работењето.

Овој извештај не вклучува статистика од британската агенција ICO, според која компаниите во Велика Британија би требале да платат казна од 329 милиони евра, со оглед на тоа што ниту една пресуда сè уште не е конечна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП