18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија се подготвува за воведување 6G мрежа

Јапонија се подготвува за воведување 6G мрежа

Јапонската влада одлучи да започне подготовки за воведување мобилна мрежа на шеста генерација (6G).

Намерата на Јапонија е таа ултра брза мрежа во Јапонија да започне со работа во 2030 година.

За таа цел, формирана е експертска комисија составена од технички експерти, претставници на приватни компании и надлежни јавни институции, чија задача е да се развие сложена стратегија за премин кон новиот формат.

Системот за комуникација на петтата генерација (5G) оваа пролет широко ќе се користи во Јапонија. Во ова, земјата заостанува зад САД и Јужна Кореја, каде веќе започна употребата на 5G.

Новинската агенција Kyodo пишува дека владата, во соработка со економијата, сака да го надомести тој заостаток и да преземе водечка улога во преминувањето кон уште побрз и побезбеден систем на шестата генерација. Широката употреба на 6G системот се очекува особено во автономните возила без возач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП