18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПапата до учесниците на форумот во Давос: Фокусирајте се на луѓето, не...

Папата до учесниците на форумот во Давос: Фокусирајте се на луѓето, не на профитот

Папата Франциско им порача на учесниците на Светскиот економски форум во Давос да ги стават во фокусот луѓето, а не профитот.

Франциско во писменото обраќање, ги потсети моќните луѓе во Давос на “моралната обврска”, да го стават човекот во центарот на јавната политика, наместо можноста за моќ или профит.

Тој наведе дека Форумот е арена во која „политичката волја и меѓусебната соработка може да се води и зајакне со надминувањето на изолационизмот, индивидуализмот и идеолошката колонизација која за жал ги карактеризира современите дебати“.

Ги охрабри учесниците да застанат во солидарност со оние кои трпат „социјална и економска неправда и чиј живот е дури загрозен“.

Папата на Форумот, кој започна синоќа, претставува ватикански кардинал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП