24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа листата со најмоќни земји во светот на првите три позиции нема...

На листата со најмоќни земји во светот на првите три позиции нема промени

На врвот на листата најмоќни земји во светот и во 2020 година се САД. Следува Русија, а на третото место е Кина. Листата е направена врз основа на влијание на државата, како и нивната политика, економска и воена моќ. Листата од 80 најмоќни држави на светот се темели на одговорите на 21.000 луѓе, а ја направи медиумската компанија „УС њуз и ворлд рипорт“.

На списокот од 80 најмоќни земји се најдоа и Србија, Хрватска и Словенија, пренесе „Индекс“. Од земјите на поранешна Југославија најдобро е пласирана Србија, која го зазеде 44. место за разлика од минатогодишното 52. место, а е опишана како мала држава во центарот на Југоисточна Европа, со богата воена историја уште од времето на средниот век.

Хрватска се најде на 67. место, што е подобра позиција во однос на минатогодишното 75. место. За неа „УС њуз“ пишува: Хрватска настана на крстосницата на големите историски движења од исток и запад. Политичките промени ги променија нејзините денешни граници, кои ја обиколуваат Босна и Херцеговина и се протегаат преку Јадранското Море до Италија.

Словенија се наоѓа на крајот на листата, на 73. место.

Првите десет позиции ги зазедоа овие држави:

10. Саудиска Арабија

9. Јужна Кореја

8. Израел

7. Јапонија

6. Франција

5. Обединетото Кралство

4. Германија

3. Кина

2. Русија

1. САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП