29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААстрономски трошоци: Даваат 3,5 милиони долари за два дена во Давос

Астрономски трошоци: Даваат 3,5 милиони долари за два дена во Давос

Дводневнoтo патување на Доналд Трамп на Светскиот економски форум ќе ги чини даночните обврзници 3,4 милиони долари.

Ова е, досега е најскапото патување во Давос на американскиот претседател.

Минатогодишниот “аранжман” чинеше 3,2 милиони, а Трамп го откажа патувањето во последен момент.

Секој јануари, илјадници светски службеници доаѓаат во Давос, мал град со околу 11.000 жители. Големата побарувачка ги зголеми цените, па едноставен апартман чини 1.000 долари за ноќ.

За сместување на тимот на претседателот на годинашниот Светски економски форум, САД издвоија три милиони долари. Тајната служба обврза повеќе од 400.000 долари за агенти кои престојуваат во Баг Рагаз, одморалиште со пет ѕвездички и уште 176.000 долари за хотелски соби на аеродромот во Цирих.

Изнајмувањето автомобил за агенцијата за комуникации на Белата куќа, која обезбедува безбедна комуникација за претседателот и неговиот персонал, ќе чини околу 266.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП