18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија е најиновативна земја во светот

Германија е најиновативна земја во светот

Според најновиот Bloomberg индекс за иновации за 2020 година, Германија е најиновативна земја во светот, објави Anadolu Agency (AA).

По Германија, следи Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а меѓу првите десет се Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Германија оваа година се најде на првото место за најиновативна земја во светот, откако Јужна Кореја шест години ја држеше водечката позиција на списокот, а САД паднаа на деветтото место.

Од земјите во регионот, на Bloomberg листата се наоѓа Словенија, која го зазема 21-то место, и Хрватска на 43-то место од вкупно 60 држави.

– Иновациите се клучен двигател на растот и просперитетот. Кина оствари напредок во скалата, а САД назадуваа што јасно говори дека без вложување во образование и истражување, трговските тарифи нема да ја одржат американската економска предност – се вели во извештајот на Bloomberg.

Во годишниот Bloomberg индекс за иновации се оценуваат критериумите, како што се трошоци за истражување и развој, можности за производство на компаниите и концентрацијата на високотехнолошки компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП