Кинеската централна банка инјектира околу 36 милијарди американски долари во домашниот финансиски систем.
Во изјавата на Централната банка се вели дека во финансискиот систем на земјата се инвестирани 250 милијарди јуани, со каматна стапка од 2,65 проценти.
Се тврди дека финансиска „инфузија“ на пазарот ќе донесе ликвидност на банкарскиот систем, пред пролетниот фестивал на 25 јануари, кога во Кина се слави Нова година.
Процесот е завршен преку „обратна репо аукција“ или со купување краткорочни обврзници од одделни трговски банки за позајмувачите да имаат повеќе пари.