16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските милијардери имаат поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе

Светските милијардери имаат поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе

Богатството на 2.153 светски милијардери ги надминува средствата на 4,6 милијарди луѓе, односно 60 проценти од светската популација, а најбогатите 1 процент во светот поседуваат двојно поголемо богатство од 6,9 милијарди луѓе.

Ова се најновите податоци за глобалната нееднаквост од извештајот објавен денес, 20 јануари, пред годишниот состанок на глобалните елити во планинското одморалиште Давос-Клостерс во Швајцарија. Извештајот на британското здружение за борба против сиромаштија, Oxfam, наведува дека бројот на милијардери е двојно зголемен во последната деценија.

„Тој длабок јаз се заснова на погрешен и сексистички економски систем“, констатираат авторите, истакнувајќи дека 22 најбогати мажи во светот имаат повеќе пари отколку сите жени во Африка.

Жените и девојките дневно трошат милијарди неплатени часови на готвење, чистење и грижа за роднините, поради што многу меѓу нив не можат да се образоваат ниту да се вработат, утврдија во Oxfam. Вредноста на нивната работа е трипати поголема од вредноста на глобалната технолошка индустрија, додаваат тие. Владите се откажуваат од оданочување на најбогатите лица и компании со кои многу жени би излегле од сиромаштија, предупредуваат во Oxfam.

Предлагаат во наредните десет години 1 процент од најбогатите во светот да плаќаат само 0,5 проценти повисоки даноци, што ќе создаде 117 милиони работни места во сектори како здравство, образование и грижа за стари лица и деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП