28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска помали пензии за пензионерите од поранешна Југославија

Во Хрватска помали пензии за пензионерите од поранешна Југославија

Голем број хрватски пензионери, кои дел или целиот работен стаж го оствариле во некоја од републиките на поранешна Југославија, последниве месеци на домашна адреса добиле решенија со кои им се утврдени нови, значително пониски пензии од оние што ги примале досега, објави порталот Јutarnji.hr.

На тие пензионери, 30 години по распадот на поранешната држава и 20 години од склучувањето на договорот со кој се уредува меѓудржавното социјално осигурување на таа територија, се ажурираат пензиските износи, што по правило резултира со значително пониски износи.

Според неофицијалните податоци на кои се повикува Јutranji.hr, станува збор за речиси 2.000 лица, а главната причина што тоа се спроведува сега е што за некои пензионери од БиХ и од Србија пресметките чекале 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП