25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на инфлација во еврозоната скокна на 1,3 проценти во декември

Стапката на инфлација во еврозоната скокна на 1,3 проценти во декември

Стапката на инфлација во еврозоната се искачи на 1,3 проценти во декември 2019 година, во однос на ноември кога изнесуваше еден процент.

Една година порано, стапката на инфлација во 19-члениот блок изнесуваше 1,5 проценти на годишно ниво, објави официјалната веб-страница на Европскиот завод за статистика, Eurostat.

Во Европската унија, инфлацијата се искачи на 1,6 проценти во однос на претходната година, од ноемвриското ниво од 1,3 проценти. Во декември 2018 година, таа стапка изнесуваше 1,6 проценти на годишно ниво.

Најниски годишни стапки на инфлација во последните месеци од минатата година се регистрирани во Португалија (0,4%), Италија (0,5%) и Кипар (0,7%), а највисоки во Унгарија (4,1%), Романија (4,0%), Чешка и Словачка (во двете 3,2%).

Во однос на ноември, годишната инфлација се намали во две земји членки, остана непроменета во три, а се зголеми во 23 земји на ЕУ, според веб-страницата на Eurostat.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП