4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената скокна: Либија најавува драстично намалување на производството на нафта

Цената скокна: Либија најавува драстично намалување на производството на нафта

Цените на суровата нафта се зголемија за еден процент и достигнаа највисоко ниво во изминатата недела, поради воената блокада на инфраструктурата во Либија.

Либија за неколку дена ќе го намали производството на нафта на 72.000 барели на ден, ако продолжат блокадите на нејзините нафтени постројки.

Тоа го соопшти Либиската Национална нафтена корпорација (NOC).

Портпаролот на NOC изјави дека дневното производство, пред силите на лојалниот Калифа Хафтар да го затворат гасоводот и големите нафтени пристаништа на истокот на земјата, изнесувало 1,2 милиони барели, објави Reuters.

NOC соопшти дека поради затворањето на нафтоводите и пристаништата, поголемите нафтени полиња во југозападна Либија се принудени да го прекинат производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП