Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Ангеловска: 402 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во 2019 година

Време: 12:26

Датум: јануари 18, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5 отсто повеќе во однос на 2018 година или дури 44 проценти повеќе во однос на 2016 година. Добрата динамика на повратот на ДДВ продолжува и годинава, што е од големо значење за ликвидноста на фирмите, нивното работење и инвестиции, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата.

-Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Со ова продолжува добрата динамика од минатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46 отсто повеќе во однос на 2018 година, 28,18 проценти повеќе во однос на 2017 година, 44,19 отсто повеќе во однос на 2016 година и 42,46 проценти повеќе во однос на 2015 година. Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност, рече Ангеловска.

Таа посочи дека и повратот на ДДВ кон граѓаните во рамки на мерката МојДДВ ќе се изврши следниот месец и тоа за месеците октомври, ноември и декември во 2019, за што повратот изнесува околу 3,8 милиони евра.

– Инаку во првите две тримесечја мерката има одлични резултати – 213 илјади корисници, 52,5 милиони скенирани сметки со промет од 26 милијарди денари, од кои е наплатен ДДВ од 2,8 милијарди денари. Преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега се доделени 1,8 милиони денари награди и тоа 340.000 денари дневни награди и 1,5 милиони денари за месечните награди од по 100.000 денари, истакна Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека буџетот е во добра кондиција, дека финансиите се стабилни, како и дека расходите редовно се сервисираат.

– Следниот месец ќе бидат исплатени покачувањата на платите во образованието и пензиите, а во март и покачувањето на платите во здравството, нагласи Ангеловска.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа…

  • Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes. Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди…

  • Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата…

  • Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа…

  • Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка…

  • Почина креаторот на “copy-paste”

    Почина креаторот на “copy-paste”

    Пионерот во компјутерската технологија, Лери Теслер, креаторот на “cut”, “copy” и “paste”, почина на 74-годишна возраст. Теслер започна да работи во Силиконската долина во раните…

  • Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Неизвесните ефекти од Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за…

  • За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра директни странски инвестиции – покажуваат податоците на Народната банка. Бројките покажуваат дека не „цветаат рози“ во…

  • Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Од коронавирусот (ковид-19) досега починале 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеи, каде за прв пат се појави…

  • Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и…