27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатните и девизните резерви на Русија 557,5 милијарди долари, повисоки отколку пред...

Златните и девизните резерви на Русија 557,5 милијарди долари, повисоки отколку пред кризата

Златните и девизните резерви на Русија достигнаа 557,5 милијарди долари во првите 10 дена од новата година, според најновите податоци на руската централна банка.

Од крајот на 2019 година, Москва ги зголеми своите девизни резерви за 7,7 милијарди долари, односно 1,4 проценти.

На 27 декември, тие резерви изнесуваа 549,8 милијарди долари, пренесува Russia Today. Нивното сегашно ниво е највисоко од октомври 2008 година, кога девизните резерви изнесуваа скоро 547 милијарди долари.

Русија потроши значителен дел од резервите за поддршка на рубљата поради последиците од финансиската криза и по воведување на западните санкции на Москва во 2014 година поради конфликтот во Украина.

Оттогаш, земјата ги обновува девизните резерви, кои ги собра од минимум 350 милијарди долари на сегашното ниво.

Москва, исто така многу инвестира во злато и располага со резерви на злато чија вредност од 1 јануари изнесува повеќе од 110 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП