19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристи останаа пред Лувр поради протести

Туристи останаа пред Лувр поради протести

Туристите денес не можеа да влезат во Лувр, бидејќи персоналот на музејот кој штрајкува го блокираше влезот во најпосетуваниот музеј во светот.

Многу посетители дојдоа да ја видат специјалната изложба за Леонардо да Винчи која е отворена во октомври поради одбележување на 500-годишнината од неговата смрт, пренесе Reuters.

На работниците во Лувр им се придружија и други работници од културниот сектор, кои беа исвиркувани од некои туристи додека чекаа во редот, со надеж дека ќе влезат во Лувр.

Музејот најави дека билетите за тој ден ќе бидат целосно надокнадени.

Сепак, некои туристи изразија поддршка за работниците кои штрајкуваат поради реформата на пензискиот систем.

Меѓутоа, како што изјави туристка од Бразил, „иритирачки е да се дојде во Париз и да се најде затворен Лувр, но јас ги поддржувам“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП