27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрета Тунберг во Лозана на собраните порача: Да го промениме системот, не...

Грета Тунберг во Лозана на собраните порача: Да го промениме системот, не климата

Еколошката активистка, Грета Тунберг учествуваше на собир за клима во швајцарскиот град Лозана, неколку дена пред да замине на Светскиот економски форум во Давос.

Опкружена од илјадници млади луѓе, 17-годишната активистка маршираше низ улиците на Лозана зад транспарентот „Да го промениме системот, не климата“.

На собирот против глобалното затоплување се собраа околу 15.000 луѓе, соопшти женевскиот штрајк за клима.

Грета Тунберг следната недела треба да отпатува на Светскиот економски форум во Давос. Не е познато дали младата активистка во Давос ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого има остра преписка на Твитер.

Трамп најави дека пристигнува на 21 јануари на собирот кој ја собира политичката и економската елита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП