25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има рекордни 83,2 милиони граѓани

Германија има рекордни 83,2 милиони граѓани

Германија достигна рекордни 83,2 милиони жители минатата година благодарение на миграцијата, но тоа е најспориот раст од 2012 година, објави Канцеларијата за статистика.

Германија има една од најстарите популации во светот и минатата година забележа повеќе смртни случаи отколку раѓања.

Стареењето на населението претставува предизвик за јавниот пензиски систем во земјата и претставува проблем за компаниите кои бараат да ангажираат квалификувани работници, објави Reuters.

Нето миграцијата е проценета помеѓу 300.000 и 350.000 во 2019 година, што е намалување во однос на претходната година кога имало 400.000, соопшти Канцеларијата за статистика.

Повеќе од милион луѓе кои бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот исток, во Африка и другите делови на светот, пристигнале во Германија откако канцеларката Ангела Меркел ги отвори границите во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП