22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна си го зема данокот: Најмал економски раст на светската сила...

Трговската војна си го зема данокот: Најмал економски раст на светската сила од 1990 година

Кина минатата година го забележа најмалиот економски раст во последните децении, по избувнувањето на трговската војна помеѓу Пекинг и Вашингтон.

Аналитичарите предвидуваат дека потпишаниот привремен трговски договор помеѓу двете сили може да помогне во заживување на кинеската економска активност.

Втората најголема економија во светот минатата година имаше раст од 6,1 процент, додека нејзиниот раст од 6,6 проценти во 2018 година веќе беше најмал од 1990 година, покажуваат денес објавените податоци на кинеската влада.

Се очекува да дојде до зајакнување на кинеската економска активност бидејќи Кина и САД во средата потпишаа привремен трговски договор со кој е означен прекин на огнот во скапата војна на двете сили поради технолошките амбиции и трговскиот суфицит на Пекинг.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп се согласи да го откаже планираното покачување на царините на дополнителната кинеска стока, додека Пекинг вети дека ќе купи повеќе американски производи, пред се земјоделски производи, иако двете држави ги задржаа казнените царини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП