6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една недела заработи две милијарди долари: Првиот човек на Tesla од...

За една недела заработи две милијарди долари: Првиот човек на Tesla од ден на ден се побогат

Основачот на американската компанија Tesla, Илон Маск за една недела го зголеми своето богатство за 2,1 милијарди долари, благодарение на растот на акциите.

Вредноста на акциите на Tesla рапидно се зголеми откако компанијата минатата недела откри дека испорача рекордни 112.000 возила во четвртиот квартал од 2019 година. Тоа е малку над проценките на аналитичарите.

На растот влијаела и веста дека првата фабрика на Tesla надвор од Соединетите Американски Држави, во Кина започнала со испорака на електрични возила. Акциите на компанијата во неделата до 9 јануари се зголемија за 13 проценти, зголемувајќи ја вооедно и нето-вредноста на богатството на Маск за над две милијарди долари.

Маск ги изненади медиумите ширум светот оваа недела со бизарен стриптиз танц на сцената во фабриката на Tesla во близина на Шангај, славејќи ја испораката на првите електрични модели на 3 клиенти во земјата.

Маск поседува околу 22 проценти од акциите на Tesla, кои претставуваат околу половина од неговото богатство. Има удел и во компанијата SpaceX, проценет на 12,5 милијарди долари.

Според последните податоци на магазинот Forbes, вкупното богатство на Илон Маск се проценува на 22,3 милијарди долари, што го става на 40-то место на најбогати луѓе во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП