19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 100.000 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра од пропаднатите банки...

Над 100.000 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра од пропаднатите банки и шедилници

Вкупно 101.878 граѓани не си подигнале 2,4 милиони евра од пропаднатите банки и штедилници во земјава. Половината од нив на штедна книшка имале мали износи од 100 до 1.000 денари, но за другата половина се уште не е јасно од кои причини си ги „заборавиле“ парите кои ги имале на сметки во нив, иако имале право да бидат обештетени.

Податоците на Фондот за осигурување на депозити покажуваат дека од јануари 1997 година до крајот на јуни лани, во земјава пропаднале вкупно 11 банки или штедилници каде вкупното обештетување изнесувало 24,7 милиони евра, иако граѓаните во нив чувале вкупно 29 милиони евра. Најмногу пари биле заробени во Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација, каде во моментот на пропаѓање граѓаните чувале 29 милиони евра, а осигурани биле или обештетувањето изнесувало 21,2 милиони евра, од кои до крајот на јуни лани се исплатени вкупно 18,9 милиони евра или 89,17 проценти, што е еден од пониските проценти во однос на другите пропаднати банки и штедилници, каде обештетувањето одело до над 95 проценти.

До првата половина на 2019 година обесштетени се вкупно 20.073 штедачи во вкупен износ од 22,3 милиони евра или Фондот подмирил 90,2 % од обврските за обештетување кои ги имал кон штедачите. Тие 101.878 граѓани или 9,8 проценти  кои имале право на обештетување од најразлични лични причини не го оствариле правото.

Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50% од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат“ – стои во извештајот на Фондот за осигуерување на депозити.

Додека пак во првата половина на 2019 година вкупно се исплатени 6 штедачи  депоненти на Македонска банка а.д. Скопје во ликвидација. Тие лани си поделиле 44,3 милиони денари или вкупно 720.000 евра.

Извор: Фонд за осигурување на депозити

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП