23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошок кој не престанува да расте: Колку Брегзит ќе ја чини Британија?

Трошок кој не престанува да расте: Колку Брегзит ќе ја чини Британија?

Загубите предизвикани од излегувањето на Велика Британија од Европската унија веќе достигнаа 130 милијарди фунти.

До крајот на годината на таа сума ќе бидат додадени дополнителни 70 милијарди, покажува истражувањето на Bloomberg Economics.

Гледајќи го економскиот раст, Брегзит најверојатно ќе ја чини Велика Британија повеќе од 200 милијарди фунти, а таа сума „поништува“ вкупно 215 милијарди фунти колку што Велика Британија плати во заедничкиот буџет на Европската Унија во последните 47 години.

Според анализата на економистот Дан Хансон, деловната неизвесност доведе до тоа, економскиот раст на Велика Британија да заостанува зад стапките пред гласањето во 2016 година. Тоа значи дека британската економија е 3 проценти помала отколку што би можела да биде да не беше за гласањето за излез од ЕУ.

Велика Британија би требало да излезе од ЕУ на 31 јануари, а остварениот годишен економски раст сега веќе е за еден процент понизок отколку претходните години.

„Бидејќи Велика Британија се согласува со новиот трговски однос со ЕУ и се бори со предизвикот за продуктивност, кој го отежнува растот по финансиската криза, годишниот трошок од Брегзит веројатно ќе продолжи да се зголемува“, го изрази своето размислување Хансон, за Business Insider.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП