29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Данска дебата за воведување на четиридневна работна недела

Во Данска дебата за воведување на четиридневна работна недела

Откако беше објавено дека финската премиерка Сана Марин е за скратување на работното време на четири дена неделно, и Данците започнаа дискусија за скратување на работното време, односно за воведување на четиридневна работна недела.

Според официјалното истражување на Агенцијата за статистика, секое седмо лице кое работи во Данска би сакало да работи помалку часови неделно.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 16 проценти од луѓето во земјата ја поддржуваат идејата за скратување на работното време.

Инаку, работната недела во Данска трае 37,5 часа, што е помалку од повеќето европски земји.

Лицата на возраст за основање семејство, како и оние со високо образование, припаѓаат во групата која конкретно изразила желба за намалување на работното време.

„Луѓето сакаат да работат помалку откако ќе наполнат 35 години, што е возраст кога многумина основаат семејства или веќе имаат мали деца“, изјави Мартин Фарис Саваид Нилсен од Агенцијата за статистика во Данска.

Додаде и дека значителен број луѓе во возрасните категории помеѓу 45 и 54 години, и 55 и 64 години, исто така ја поддржуваат идејата за скратено работно време.

Интересно е што, седум проценти од оние кои биле вклучени во студијата рекле дека би сакале да работат повеќе часови отколку што моментално работат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП