26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов Инстант лоз „Седма брзина“ на Државна лотарија

Нов Инстант лоз „Седма брзина“ на Државна лотарија

loto-nova-grebka-01

„Седма брзина“ е новиот инстант лоз кој под слоганот Греби и вози Голф 7 на Државна лотарија на Македонија, го пушти во продажба од 1 јули.

Со цел поблиску да ги запознае своите играчи со најновата Инстант лотарија, Државна лотарија на Македонија во текот на следниве денови организара промотивен и забавен караван низ Македонија, почнувајќи од среда 10 јули.
Најновата игра на среќа на Држвана лотарија на Македонија во својата палета на добивки вклучува атрактивните премии Голф 7, вкупно 10 на број на задоволство на сите вљубеници во убавите авотмобили и брендот Фолксваген, како и бројните парични добивки од 40 до 100.000 денари.

Лозот Седма брзина содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар.

Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7.

Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколкуупатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП