25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДавос подготвен за 50-от Светски економски форум

Давос подготвен за 50-от Светски економски форум

Во Давос, швајцарскиот град на Алпите, следната недела ќе биде одржан јубилејниот 50 Светски економски форум, кој ја спојува економската, политичката и социјалната елита на современиот свет, објави Anadolu.

Организаторите потврдија дека годинешниот Форум ќе се одржи од 21 јануари до 24 јануари.

Во соопштението, објавено од турската агенција, се наведува дека на Форумот ќе учествуваат најмалку 3.000 претприемачи, политичари, интелектуалци, активисти и други официјални претставници од вкупно 117 земји.

Главната тема на годинешниот Форум ќе биде да се изгради хармоничен и одржлив свет, а се очекува учество на претседатели и премиери од најмалку 50 земји.

Најавено е дека во рамките на Форумот ќе бидат одржани 400 отворени и затворени сесии, а меѓу поканетите се и американскиот претседател Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Џузепе Конте, шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен, шпанскиот премиер Педро Санчез, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, претседателот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристина Георгиева и претседателката на Централна европска банка (CEB) Кристин Лагард.

Зариф откажа, доаѓа Тунберг

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Jaвад Зариф го откажа пристигнување, додека WEF по втор пат ја повика младата шведска активиста за климатските промени, Грета Тунберг, која го предводи „школски штрајк за клима“, кој се одржува во петок низ целиот свет.

Давос е мал град на Алпите во кој живеат околу 11.000 жители, а славата ја стекна пред повеќе од 100 години во романот The Magic Mountain на Томас Ман. Во последните пет децении, тој е познат како центар на светската економска и политичка елита.

Светскиот економски форум е основан пред 50 години од Клаус Шваб, со цел барем малку да го подобри светот во кој живее.

Врз основа на проектот на Шваб, Давос стана модерен центар на капитализмот.

Давос е исто така модерен ски-центар, во кој за време на Форумот се воспоставени максимални безбедносни мерки и во кој не се доаѓа без покана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП