Еден од најочекуваните и најинтересните авиони во светот, Airbus Beluga XL, ги започна првите оперативни летови.
Според CNN, операциите започнале на 9 јануари 2020 година, со што Beluga XL станува еден од најголемите „ѕверови во воздухот“, во времето на заминување на познатите Airbus A380 и Boeing 747.
Иако авионот не е наменет за обични комерцијални патувања, тој ќе има значајна улога во транспортот на големи делови од авионите кои допрва треба да се градат и кои ќе играат значајна улога во транспортот на патниците во иднина.
Главната улога на Beluga XL ќе биде транспортирање големи делови на трговските авиони Airbus од производните места до локациите за “составување” во Тулуза, Хамбург и кинески Тијанџин.
Beluga XL е изграден во шест примероци и се заснова на Airbus A330 со “надувување” на трупот и спуштање на кокпитот.
Наследник е на оригиналната Beluga која била во функција од 1995 година.