7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Тотал“ ослободен од обвинувањето за корупција со програмата „Нафта за храна“ на...

„Тотал“ ослободен од обвинувањето за корупција со програмата „Нафта за храна“ на ОН

total

Француската нафтена компанија „Тотал“ е ослободена од обвинувањето за корупција во врска со скандалот околу програмата „Нафта за храна“ на ОН во Ирак, во време на режимот на Садам Хусеин.

Покрај компанијата, за примање поткуп беа обвинети и генералниот директор на „Тотал“, како и неколку дестина лица на разни функции, меѓу кои и поранешниот француски министер за внатрешни работи Шарл Пасква.

Според британските медиуми, кои и даваат голем публицитет на пресудата, оваа француска компанија беше обвинета дека давала поткуп на тогашни ирачки функционери за да си обезбеди достап до нафтата што Ирак тогаш можеше да ја продава.

Програмата „Нафта за храна“ на ОН беше создадена во време на меѓународните санкции кон Ирак, дозволувајќи ограничено продавање нафта, колку да може да се обезбедат средства за купување храна и лекови за цивилното население во земјата.

Оваа програма на ОН, замислена да ја олесни ситуацијата на населението во условите на меѓународни санкции, се спроведуваше во текот на дведесетите години на минатиот и на почетокот на овој век, се до соборувањето на Хусеин со меѓународната воена интервенција во март 2003 година.

Корупцискиот скандал беше откриен во 2005 година од една специјално создадена комисија на ОН. Таа откри дека преку 2.000 компании од светот исплатиле 1,8 милијарди долари за поткуп, за да дојдат до ирачката нафта. Голем дел од парите што ги давал тогашниот ирачки режим биле за лобирање во светот за укинување на меѓународните санкции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП