16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој петти пензионер во Германија е под линијата на сиромаштија

Секој петти пензионер во Германија е под линијата на сиромаштија

Бројот на стари лица во Германија кои се сиромашни или се на работ на сиромаштија од година во година се зголемува, така што, како што откриваат неодамна објавените податоци од германското биро за статистика за 2017 година, скоро секој петти пензионер е под ризик од сиромаштија.

Oколу 3,2 милиони стари лица во Германија се под линијата на сиромаштија, што е за 215.000 повеќе отколку во 2016 година, а дури 803.000 повеќе отколку во 2010 година.

За само седум години, бројот на пензионери изложени на ризик од сиромаштија се зголемил за една третина, а се очекува статистиката за 2018 и 2019 година да покаже дека овој негативен тренд само продолжува.

За германската статистика, во ризик од сиромаштија се сите оние кои сами живеат во домаќинства, а примаат помалку од 60 проценти од просечната плата, иако се земени во предвид уште некои фактори, но во суштина луѓето кои месечно располагаат со помалку од 905 евра во Германија се сметаат за сиромашни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП