18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон им одговори на оние кои би го забраниле Huawei: „Дали имате...

Џонсон им одговори на оние кои би го забраниле Huawei: „Дали имате алтернатива?“

Премиерот на Велика Британија за BBC изјави дека не сака да ја загрози безбедноста на земјата, но дека застапниците кои го забрануваат Huawei мора да излезат со алтернативни решенија.

Британската јавност заслужува да има пристап до најдобрата можна технологија. Ако луѓето се спротивставуваат на овој или оној бренд, мора да ни кажат која е алтернативата, нели?“, изјави Борис Џонсон.

Сепак, инсистираше дека не сака да воведе инфраструктура која би можела да ја загрози националната безбедност или можноста за соработка со разузнавачките партнери.

Претходно, Соединетите држави ја предупредуваа Велика Британија дека вклучувањето на Huawei во нејзината 5G мрежа ќе биде „чисто лудило“, бидејќи таквиот потег би бил преголем ризик за националната безбедност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП