27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБрзиот предводник: Деби за Opel Insignia GSi на Саемот за автомобили во...

Брзиот предводник: Деби за Opel Insignia GSi на Саемот за автомобили во Брисел

• Opel Insignia GSi со нов премиум погон и Twinster со погон на сите тркала
• Новата Insignia Grand Sport и Sports Tourer веќе достапни за нарачки во Белгија
• Агрегати на новата генерација со потрошувачка пониска до 18 проценти
• Деактивација на цилиндарот, FlexRide суспензија и активна предна маска
• Нови IntelliLux LED® Pixel светла и врвни системи за асистенција

Риселсхајм. Новата Opel Insignia има своја светска премиера на Саемот за автомобили во Брисел од 9-19 јануари. Покрај седанот „Grand Sport “ и караванот „Sports Tourer“, посетителите на Саемот за автомобили во Брисел ќе можат за прв пат да ги видат, острите дизајнерски линии на спортската верзија GSi: вертикалните предни отвори и динамичниот изглед на предниот дел непогрешливо откриваат за каков дизајнот се работи. GSi влегува во новата година со нов дволитарски турбо бензински агрегат, кој во пар со деветстепениот автоматски менувач развива 169kW (230 КС). Тука се и електро-хидрауличниот систем за сопирање, FlexRide суспензија и Twinster погон на сите четири тркала со систем на векториран вртежен момент. (потрошувачка на гориво на седанот според NEDC1: град 8,9 l/100 km, отворен пат 5,8 l/100 km, комбинирано возење 6,9 l/100 km, 161 g / km CO2, потрошувачка на гориво според WLTP2 : комбинирано возење 8,5-8,3 l/100 km, 198-193 g/km CO2).

До 18 проценти помала потрошувачка на гориво: Новата Opel Insignia во врвна форма

Предводникот на германскиот бренд со богата традиција дебитираше како GSi, Grand Sport и Sports Tourer со ново развиените, високоефикасни бензински и дизел единици. Покрај тоа, новите менувачи со низок коефициент на триење дополнително ја намалуваат потрошувачката на гориво, додека во исто време придонесуваат за удобност.

Купувачите на Insignia можат да изберат многу економичен шестстепен мануелен менувач, менувач без брзини и осумстепен или деветстепен автоматски. Аеродинамиката на новата Insignia е дополнително унапредена со активната маска на ладилникот. Во споредба со неговиот претходник, потрошувачката на гориво според NEDC е намалена за 18 проценти, додека емисијата на CO2 е многу мала на околу 100 g/km. Новата Insignia на тој начин е еден од најефикасните автомобили во својот сегмент.

Дизајнерите на Opel дополнително го подобрија висококвалитетниот ентериер на Insignia. Ергономски сертифицирани AGR седишта со многу карактеристики за удобност сега се достапни во најразлични ткаенини, кожа и тапацир Алкантара. За оние кои ја ценат удобноста и класичниот изглед, пакетите за опрема Elegance и Ultimate се идеален избор. Возачите кои се ентузијасти за возење ќе бидат воодушевени од новите Insignia GS Line и GSi.

Покрај тоа, постојат најнапредни системи за безбедност и асистенција, особено новите адаптивни светилки IntelliLux LED® Pixel. Сега тие имаат вкупно 168 LED диоди – 84 во едно светло! Тие му обезбедуваат на возачот на Insignia ултра тенки предни светла со најдобра прегледност и реагираат побрзо и поточно од кога било досега, без да ги заслепуваат другите возачи.

„Горди сме на нашиот нов предводник. Insignia изгледа фантастично, носејќи водечки технологии во класата, како што се IntelliLux LED® Pixel светлата, ефикасни бензински и дизел мотори, адаптивна суспензија FlexRide и извонредни седишта. GSi е повторно врвниот модел во понудата и чувството на возењето е како да се вози вистински спортски автомобил “, рече извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.

Супериорна контрола и агилност за максимална забава при возењето

Новата Opel Insignia GSi е за оние кои ценат нешто навистина посебно. Спортскиот погон на сите тркала со системот на векторирање на вртежниот момент е единствен во овој сегмент. Во режимот AWD, двете спојки го менуваат конвенционалниот заден диференцијал и обезбедуваат идеален трансфер помеѓу тркалата во секоја ситуација на возење. Со оваа технологија, новиот Opel Insignia GSi е поагилен во кривините, го нуди најдобриот агол и се одликува со одлично држење. За уште поактивно искуство во возењето, новиот деветстепен автоматски менувач може да се ракува преку полуги на воланот.

Opel Insignia GSi ги доби своите завршни детали на легендарната стаза Нирбургринг „Nordschleife“. Динамично прилагодената шасија нуди одлично држење. Моќните Brembo сопирачки со четири клипа и директно управување се дополнително засилени.

Со својот електро-хидрауличен систем за сопирање, Insignia веќе денес е платформа за технологија која ќе биде неопходна за автономното возење во иднина. Интегрираниот eBoost систем е компонента за „сопирање со жица“ што ја елиминира потребата за посебни модули ABS / ESP, вакуум пумпи, итн. Така, електромоторот создава вакуум наместо агрегатот, потрошувачката на гориво е уште помала. Притисокот се развива побрзо и чувството кога сопирате е подобро. Исто така, кога ABS-от е активиран, eBoost работи многу потивко од конвенционалните системи за сопирање.

Insignia GSi веќе во стандардна опрема доаѓа мехатронскиот FlexRide систем, кој ги прилагодува амортизерите и управувањето во дел од секундатаа. Покрај тоа, FlexRide ги менува карактеристиките на педалот за гас, како и моментот на промена на брзината на деветстепениот автоматик. Возачот може да избере неколку режими на возење: „Standard”, „Tour”, „Sport” и ексклузивно за GSi – „Competition”.

Нови агрегати и менувачи: Штедливи, но живи

Со новата Insignia, Opel ја намали комплексноста и истовремено ја подобри понудата на клиентите. Додека неговиот претходник имаше бензински и дизел мотори од три различни моторни семејства, сите трицилиндрични и четирицилиндрични мотори сега припаѓаат на уникатна нова генерација. 1.4-литарскиот бензински мотор со 107kW (145 КС) и дизел 1,5-литарски 90kW (122 КС) ја формираат основата на понудата (види табела за сите бројки за потрошувачката).

Трицилиндричните единици се до 50 килограми полесни од нивните претходници во претходниот модел и исто така се користат во новата Astra. Над нив, во гамата Insignia доаѓа со дволитарски дизел четирицилиндричен дизел (ќе се воведе подоцна оваа година) и дволитарски бензински мотор со 147kW (200 КС) – 169kW (230 КС) во верзијата GSi. Дволитарските бензински единици се исто така првите мотори на Опел кои доаѓаат со цилиндричен систем за деактивирање. Ако на возачот не му треба целата моќност, овој систем ќе ги деактивира двата цилиндри и значително ќе ја намали потрошувачката на гориво.

Активната маска на ладилникот на Insignia дополнително ја подобрува ефикасноста на потрошувачката со затворање на горниот и долниот дел на решетката. Со комбинирање на термички, електрични и аеродинамични услови, интелигентната стратегија за контрола за отворање и затворање на горниот и долниот дел на решетката може да овозможи многу ефикасно возење во секојдневни услови. Активната решетка на радијаторот има и термички придобивки затоа што го одложува ладењето по исклучувањето на моторот, или со забрзување на загревањето на моторот по ладниот старт, што е особено важно во текот на зимата и нуди значителна предност во потрошувачката на гориво и удобност при загревање на кабината.

Нова генерација на турбополначи бензински и дизел мотори

IntelliLux LED®Pixel светла: Прецизност со 168 LED диоди

Новата Opel Insignia е ексклузивно опремена со LED светлосни системи, од LED светла кои се многу штедливи до новите прилагодливи IntelliLux LED® Pixel светла, кои имаат дури 168 LED диоди, што не е само водечка бројка во класата, туку и големо подобрување во однос на претходните 32. Главниот зрак неприметно се подесува во милисекунди, а за тоа се одговорни две контролни единици – едната поврзана со предната камера, а другата во самиот фар. Големиот број на LED елементи придонесуваат за непречена адаптација на светлосниот зрак. Осветлената област е поголема од порано, а сообраќајот пред вас или оној што доаѓа до вас е прецизно “исечен”. Резултатот е оптимално видно поле во секоја ситуација, без притоа да ги заслепи другите корисници на патиштата.

Opel дополнително го унапреди светлото за автопат во најновиот систем IntelliLux LED®. При свртување лево, зракот на светлината се префрла повеќе налево, така што возачот лесно може да ги види знаците од другата страна на патот. Кога се вртите десно на автопатот, светлосниот зрак сјае повеќе кон десно, за да не ги заслепите возачите што доаѓаат контра вас . Светлата се однесуваат поинаку во зависност од тоа дали се вртите или возите по лошо време, град, автопат, а исто така е специјално наместен за паркинг ситуации.

Супериорни системи за поврзување и асистенција

Типично за најлуксузниот модел на еден бренд, Opel Insignia ги испорачува сите можни системи за инфозабава и асистенција. Новата дигитална камера на задниот дел ја подобрува видливоста зад автомобилот. Безбедноста при напуштање на паркингот наназад може да се подобри со дополнителен систем за странично предупредување. Дополнителни системи за помош вклучуваат предупредување за преден судир со автоматско сопирање и препознавање на пешаците, асистенција за возилото да се движи на иста лента, предупредување за мртов агол, адаптивен темпомат со кочење во случај на опасност, препознавање на сообраќајни знаци, напредна асистенција при паркирање и head-up дисплеј. Со автоматскиот менувач, системот базиран на радари може да ја запре Insignia и да го следи возилото напред при метеж во сообраќајот.

Гамата на инфо-забавните системи што се компатибилни со апликациите на Apple CarPlay и Android Auto го сочинуваат Multimedia Radio, Multimedia Navi и Multimedia Navi Pro. Најдобриот систем има голем број поврзани услуги за навигација, како што се „Trip & Drive Management” и „Live Navigation”, кои обезбедуваат информации за сообраќај преку интернет во реално време, овозможувајки му на возачот да ја забележи и избегне гужвата. Компатибилните телефони можат да се полнат безжично. Кога е инсталиран e-Call, автоматски повикува итен повик ако се активираат воздушните перничиња или затегнувачите на безбедносните ремени. Покрај тоа, повикот лесно може да се оствари со притискање на црвеното копче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП