25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се цените на електрична енергија во Европа и регионот

Ова се цените на електрична енергија во Европа и регионот

Најевтината електрична енергија за домаќинствата во Европа ја плаќаат жителите на Украина, според истражувањето на Eurostat, европска статистичка служба во која биле вклучени 28 земји членки на ЕУ и 12 други земји.

Најскапа електрична енергија во првите шест месеци од претходната година ја плаќале домаќинствата во Германија, Данска и Белгија – околу 30 евра, а најмалку во Украина – 4,42 евра. Меѓу земјите на ЕУ, чиј просек е 21,59, најевтина електрична енергија имала Бугарија – 9,97 евра.

Цената на 100 киловат-часови варирала различно – кај нас 7,83, а во Босна и Херцеговина евро поскапо. Домаќинствата во Црна Гора и во Хрватска издвојувале 11 евра, во Романија три евра повеќе, а во Словенија 16,34 евра.

Учеството на даноците и ДДВ во цената на електричната енергија во Србија е околу 25 проценти, што оваа земја ја става на средина на списокот, на 23-то место. Овие давачки се највисоки во Данска, каде тие сочинуваат 63,7 проценти од крајните цени, а во Германија над 50 проценти.

Што се однесува до вториот извор на енергија, гас во првата половина на 2019 година најскапо плаќале во Шведска – 11,83 евра за 100 киловат-часови, и Холандија – 9,21. Најевтин бил во Грузија – 1,51 и Турција – 1,99 евра. Меѓу членките на ЕУ, најмалку издвојувале домаќинствата во Унгарија – 3,46 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП