27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобра продажба за Audi во историјата

Најдобра продажба за Audi во историјата

audi

„Audi AG“ ги постави најдобрите резултати според продажбата во првата половина од година во историјата на компанијата и тоа благодарејќи на растот на продажбата од 6.4 проценти во однос на истиот временски период пред една година.

Глобално, компанијата продаде повеќе од 780.500 возила во првите шест месеци од 2013-та година.

„Audi“ во јуни испорача повторно рекордна бројка од околу 140.300 автомобили што претставува 5.5 проценти повеќе отколку истиот месец во 2012-та година. Премиум брендот имаше особено добра продажба на територијата на Кина, каде продажбата е зголемена за 33.5 проценти.

Продажбата исто така добра беше и во Велика Британија каде биле продадени 14.3 проценти повеќе возила, а во САД изнесуваше 8.2 проценти.

Новите модели „A3“, „Q3“ и „Q5“ имаа особено значаен придонес во глобалната продажба на брендот „Audi“ во првата половина од оваа година и претставуваат силен адут на компанијата и за вторите шест месеци од 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП