18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодителка го победи BBC во спор околу нееднаква плата

Водителка го победи BBC во спор околу нееднаква плата

Водителката Самира Ахмед го доби судскиот спор кој го поднесе против BBC поради нееднаква плата со машките колеги.

Според BBC, Ахмед тврдела дека е платена 700.000 фунти помалку за водење на емисија во споредба со платата на водителот Џереми Вајн, кој е автор на емисијата Points of View.

Меѓу другото, во пресудата се наведува дека Самира Ахмед извршувала еднаква работа како и Вајн, но дека BBC не го покрила нејзиниот јаз во платите поради родова дискриминација.

Водителката изјави дека е задоволна што овој спор е решен. „Ниту една жена не сака да преземе правни мерки против сопствениот работодавец“, додаде таа.

BBC во одговорот истакна дека разликата во платите помеѓу водителот и водителката не е утврдена поради полова припадност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП