23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХамбургер од 1999 година ист како и пред 20 години: Месото изгледа...

Хамбургер од 1999 година ист како и пред 20 години: Месото изгледа скоро недопрено

Дејвид Випл од Јута им откри на американските медиуми минатата недела дека поседува хамбургер купен во 1999 година во McDonald’s, кој сè уште не се распаднал и изгледа скоро исто како пред 20 години.

Од популарниот ланец на ресторани за брза храна велат дека хамбургерот и покрај својот изглед, сигурно не е ист како кога е купен.

Во 2013 година, Дејвид Випл во џеб на стар капут пронашол хамбургер кој го купил во McDonald’s. Го чувал во конзерва, и освен краставиците, кои се целосно распаднати, месото и земичката изгледаат скоро недопрени. Како што вели, единствената забележлива разлика е во тоа што хамбургерот сега мириса на картон.

Портпаролката на McDonald’s, Ен Кристенсен, во изјава за Fox News објаснува дека нивните хамбургери, како и секоја друга храна, под соодветни услови би можеле да се распаднат.

„Но, за да се распаднат, потребни се одредени услови, особено влага“, истакнува Кристенсен.

Без доволно влага, или во самата храна или во околината, бактериите и мувлата не можат да се развијат и затоа распаѓањето е помалку веројатно, објаснува портпаролката на McDonald’s.

Професорот Доналд Шафнер од универзитетот Ратгерс за Fox вели дека објаснувањето за популарниот ланец на ресторани се заснова на научни факти.

Меѓутоа, додава дека нема доволно информации за тоа како се чувал хамбургерот сите овие години. Сепак, во одредени околности, можно е било кој хамбургер, а не само оној во ресторанот за брза храна, да остане толку зачуван, истакнува соговорникот за Fox.

Потсетува и дека плескавиците во McDonald’s се печени на скара, со што се суши месото и ги убива повеќето микроорганизми кои би можеле да се распаднат. Притоа, Јута има сува клима и многу е можно хамбургерот да биде целосно дехидриран пред бактериите да можат да ја завршат својата работа, вели професорот Шафнер.

Со други зборови, хамбургерот на некој начин е мумифициран, објави Fox News.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП