1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПровинција со 80 милиони луѓе, а само 17 сиромашни

Провинција со 80 милиони луѓе, а само 17 сиромашни

Кинеската провинција Џангсу соопшти дека од 80 милиони луѓе, само 17 живеат во сиромаштија.

Успешната државна кампања е одговорна, како што велат надлежните од провинцијата Џангсу, за речиси па целосно искоренување на сиромаштијата помеѓу населението од 80 милиони луѓе.

Само 17 жители на крајбрежната провинција живеат под линијата на сиромаштијата, односно со помалку од 6.000 јуани (863 долари) годишно.

Меѓутоа, многумина се скептични во врска со наведените податоци.

„Не верувам во ова. Нема невработени во покраината. Нема питачи“, „Како се толку прецизни“, се само некои од коментарите на социјалната мрежа Weibo.

Џангсу е втора најбогата покраина по Гуангдонг, а искоренувањето на сиромаштијата е една од главните зацртани цели на кинеските власти.

И покрај забавувањето, кинеската економија сè уште расте со стапка од шест проценти.

Според податоците на провинциските власти, во последните четири години повеќе од два и пол милиони жители се извлечени од сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП