1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка очекува профит од 49 милијарди франци за 2019 година

Швајцарската централна банка очекува профит од 49 милијарди франци за 2019 година

Швајцарската национална банка (SNB) во четвртокот процени дека во 2019 година остварила добивка од 49 милијарди франци благодарение на инвестициите во девизи и обврзници со кои настојува да го стопира зајакнувањето на домашната валута.

Во 2018 година, SNB забележа загуба од 15 милијарди франци.

Главната сума – 40 милијарди франци – паѓа на позициите во странска валута. На крајот на минатата година, девизното портфолио надмина 804 милијарди франци, што е повеќе од вредноста на швајцарскиот бруто домашен производ.

SNB купува девизи за да го задуши зајакнувањето на домашната валута, која инвеститорите ја сметаат за сигурна инвестиција во услови на криза. Силниот франк им штети на швајцарските извозници, а поддршката за домашната економија е составен дел од мандатот на централната банка, како и одржувањето на ценовната стабилност.

SNB не е должна да остварува профит.

Дополнителни 6,9 милијарди од минатогодишната добивка се генерирани со зголемувањето на вредноста од вложување во злато, според првичните податоци.

SNB врз основа на резултатите во 2019 година, ќе исплати две милијарди франци дивиденди на сојузната влада и кантони и ќе разговара со претставниците на Министерството за финансии за можни дополнителни плаќања за 2019 и 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП