20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBMW оствари рекордна продажба

BMW оствари рекордна продажба

bmw1

Германскиот производител на луксузните возила „BMW“ во јуни, како и во првата половина од оваа година, оствари рекордна продажба.

Така „BMW“ благодарение на големата побарувачка во Азија и САД успеа да ги компензира проблемите на пазарот за автомобили во Европа.

Компанијата соопшти дека во јуни во целиот свет продала 184,489 автомобили, што во споредба со истиот месец минатата година претставува раст од 6,9 проценти.

Рекордната јунска продажба помогна и растот во првата половина од годината да достигне шест проценти. Од јануари до јуни продадени се вкупно 954,521 возила, што исто така е рекорд, пренесува агенцијата ТАСР.

Компанијата „BMW“ ги оствари своите најдобри резултати во историјата, како во јуни, така и во првите шест месеци од оваа година и покрај проблемите на некои европски пазари, изјави шефот на продажбата на „BMW“ Јан Робертсон.

Растот главно се должи на зголемувањето на побарувачката на азиските пазари, каде продажбата од јануари до јуни се зголеми за 14,4 проценти на годишно ниво.

Компанијата слично помина и во САД, каде во првите шест месеци продадени се 9,7 проценти повеќе автомобили отколку во истиот период минатата година.

Од друга страна, во Европа продажбата во овој период, стагнираше на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП