
Минатата година беше најтоплата година во Алјаска, се наведува во владиниот извештај за американската клима.


Минатата година беше најтоплата година во Алјаска, се наведува во владиниот извештај за американската клима.
Просечната температура во Алјаска била 0,1 степени Целзиусови, што е за 14 степени над долгорочниот просек, се вели во годишниот извештај на Националните центри за информации за животна средина на Националната агенција за океани и атмосфера.
Просечните температури во Алјаска постојано растат во последните години, при што во четири од последните шест години забележана е рекордна топлина.
Претходниот рекорден просек во Алјаска е забележан во 2016 година.
Во Енкориџ, најголемиот град во Алјаска, температурата во јули прв пат достигнала 32,2 степени Целзиусови.
Инаку, во САД во последната деценија се забележани временски и климатски катастрофи кои нанесоа штета од 119 милијарди долари, што е повеќе од двојно од 59 милијарди, колку што штетата изнесуваше во претходната деценија, се вели во овој извештај.