4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгеловска: Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии...

Ангеловска: Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да видиш каде оди секој денар

Ако некој е транспарентен и отворен тоа е Министерството за финансии. За овие две и пол години работите во фундамент се променети. Ако порано забелешките на меѓународните финансиски институции беа дека фискалната транспарентност е на ниско ниво, сега напротив, добиваме пофалби за фискалната транспарентност, рече министерката за финансии Нина Ангеловска одговарајќи на прашање на денешната прес-конференција во Министерството за финансии.

– Не треба да си дополнителен заменик министер во Министерството за финансии за да ја видиш секоја трансакција и секој денар каде оди. Тоа сега може да го гледа секој преку платформата „Отворени финансии“ – одговори Ангеловска.

Со платформата „Отворени финансии“ која беше пуштена во употреба минатата година сите исплати од трезорот се достапни до општата јавност. Граѓаните можат да ја користат и алатката со која се гледа реализацијата на капиталните расходи од сите буџетски корисници, а во тек е изработка на нова алатка за транспарентност и отчетност која се однесува на јавниот долг и со која јавноста ќе може прецизно да го гледа секое евро задолжување или раздолжување, како и намената за која е потрошено.

Министерката Ангеловска рече дека обидот, меил испратен од кабинет, кој содржи процедура за работа, да се претстави како завера, не е ништо повеќе од обид за политичко поентирање.

-На оваа позиција дојдов без никаков багаж. Немам ни црвени, ни розови ни црни очила и немам што да кријам. Тоа го покажуваат и моите заложби за транспарентност. Дојдов да работам и да ги носам најдобрите одлуки за граѓаните – нагласи Ангеловска.

Во интерес на институцијата, вработените и првенствено граѓаните, Ангеловска рече дека се надева дека конструктувно ќе продолжи натамошната соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП