25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВицепремиерот на Кина оди во САД да потпише примирје во трговската војна

Вицепремиерот на Кина оди во САД да потпише примирје во трговската војна

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека вицепремиерот на Кина, Лиу Хе ќе отпатува во Вашингтон за потпишување на прелиминарен договор.

Тој договорот треба да означи примирје во кинеско-американска трговска војна.

Вицепремиерот на кинеската влада ќе биде во Вашингтон од 13 јануари до 15 јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 31 декември објави дека на 15 јануари во Белата куќа ќе биде потпишан првиот дел од трговскиот договор со Кина.

Договорот е постигнат по неколкумесечни преговори и воведување на царински давачки. Трамп изјави дека во текот на 2020 година ќе го посети Пекинг, каде би требало да започнат преговори за фазата 2 од трговскиот договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП