26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolvo во 2019 година продаде повеќе од 700.000 автомобили

Volvo во 2019 година продаде повеќе од 700.000 автомобили

Volvo соопшти дека во 2019 година прв пат во својата 93-годишна историја ширум светот продал повеќе од 700.000 возила.

Поточно, конечната бројка изнесува 705.452 возила, а тоа е за 9,8 проценти повеќе од 2018 година.

Што се однесува до најголемите пазари, во Европа се продале 340.605 Volvo возила (+ 7,2 проценти), во Кина 154.961 (+ 18,7 проценти), во САД 108.234 (+ 10,1 проценти)…

Во соопштението се наведува и дека во текот на минатата година се продадени 45.993 plug-in хибридни возила, што е зголемување за 22,9 проценти во споредба со 2018 година.

Најпродаваниот модел во 2019 година бил XC60 со 204.965 единици, на второто место е XC40 со 139.847, а на третото XC90 со 100.729 единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП