29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилната мрежа 5G веќе ја имаат девет земји во Европската унија

Мобилната мрежа 5G веќе ја имаат девет земји во Европската унија

На почетокот на 2020 година, најмалку една комерцијална мобилна мрежа на петтата генерација (5G) веќе работела во девет земји членки на Европската унија.

Последната европска комерцијална 5G мрежа во 2019 година е лансирана во Романија во октомври (оператор Orange Romania), со што бројот на оператори на комерцијалната мрежа на петтата генерација се зголеми на 15.

Земјите на Европската унија во кои (се разбира, само во ограничено географско подрачје) има комерцијални 5G мрежи се Австрија, Естонија, Финска, Ирска, Италија, Германија, Романија, Шпанија и Велика Британија.

Единствена земја во Европската унија во која сите активни мобилни оператори нудат 5G е Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Шест од деветте земји на Европската Унија со 5G комерцијални мрежи (Австрија, Ирска, Италија, Германија, Романија и Обединетото Кралство), веќе се фалат дека имаат повеќе од еден мобилен оператор со 5G комерцијална мрежа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП