12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Хрватска се искачи на 74,9 проценти од БДП

Јавниот долг на Хрватска се искачи на 74,9 проценти од БДП

Јавниот долг на Хрватска на крајот од септември минатата година изнесуваше 297,2 милијарди куни (околу 39,9 милијарди евра), што претставува 74,9 проценти од бруто домашниот производ.

На годишно ниво, јавниот долг на Хрватска во периодот јули-септември бил повисок за 4,4 проценти, додека во однос на крајот на 2018 година државниот долг се зголемил за 3,8 проценти.

Во апсолутен износ, долгот на државата бил за 10,8 милијарди куни (околу 1,45 милијарди евра) повисок во однос на крајот на 2018 година.

Зголемувањето на хрватскиот јавен долг на крајот на третиот квартал е резултат на емисијата на еврообврзница во јуни минатата година и емисијата на обврзници на домашниот пазар на капитал во февруари.

Покрај тоа, малото зајакнување на куната во однос на еврото влијаело на номиналниот износ на долгот во куни, бидејќи околу 65 проценти од државните обврски се во евра или се врзани за еврото, се наведува во информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП